ЕП повика на прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ

Стразбур, 22 ноември 2016 (МИА) - Лидерите на најголемите пратенички групи во Европскиот парламент денеска ја повика ЕУ да ги прекине преговорите за членство на Турција, поради „чистките во земјата“ по обидот за преврат во јули годинава.     

- Нашата порака до Турција е многу јасна: преговорите за членство треба веднаш да бидат замрзнати, изјави денеска Манфред Вебер, претседател на Пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП), која е најбројна во Европарламентот.  

Претседателот на Пратеничката група на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џани Питела, нагласи дека и оваа втора по големина политичка формација во Европскиот парламент, бара „замрзнување на преговирите за членство“ на Турција во ЕУ. 

- Турција под (претседателот Реџеп Тајип) Ердоган се повеќе и повеќе се движи кон авторитарен режим. Нашата политичка порака до Турција е дека за човековите права, граѓанските слободи и демократијата не може да се преговора, доколку земјата сака да стане дел од ЕУ, нагласи Питела.   

Слична барање во текот на денешната дебата во Европарламентот околу судбината на предпристапните преговори со Турција, изнесе и претседателот на Пратеничката група на Алијансата на либералите и демократите на Европа (АЛДЕ), Ги Верхифштад.

- Во овој Парламент постои големо, големо мнозинство кое бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во овој момент и поставување на серија услови за нивно обновување, порача Верхофштат. 

Ваквите повици се надоврзаа на зголемениот број критики на сметка на Турција, каде по неуспешниот преврат, беа отпуштени над 110.000 вработени во армијата, полицијата, универзитетите, судството и медиумите, околу 36.000 лица, вклучително и повеќе лидери на турските Курци, беа уапсени и беа затворени поголем број медиуми и невладини организации. Сите отпуштени или уапсени беа обвинети за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на неуспешниот преврат.

На барањата за прекин на преговорите за членство на Турција, во текот на дебатата реагираше високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини кој повика на „воздржаност“.

- Мислам дека најмногу ќе придонесеме за зајакнување на турската демократија ако ги продолжиме контактите со Турција и ако ги оставиме отворени каналите за соработка, порача Могерини.

Според неа, од евентуален прекин на преговорите за членство на Турција. штети ќе имаат и Анкара и Брисел.

- Во таков случај ќе западнеме во сценарија од кои штети ќе имаат и двете страни, рече Могерини.

Ердоган претходно и порача на ЕУ дека ќе треба да „се соочи со последиците“, доколку ги прекине преговорите и дека како алтернатива на членството во Унијата, Турција би можела да се присоедини кон Шангајската организација за соработка, која е предводена од Русија и Кина. 

ЕУ во март вети забрзување на преговорите за членство на Турција, како и укинување на визнииот режим за турските државјани, во замена за запирање на приливот на бегалци и илегални мигранти од турска територија кон Европа.

По обидот за преврат и репресивните мерки што ги презеде Анкара кон осомничените за поврзаниост со неуспешниот пуч, ЕУ ги успори преговорите и се откажа од најавеното укинување на визните.

Ердоган ја обвини ЕУ дека „не ја разбира сериозноста на состојбата во Турција“ и најави дека би можел да распише референдум околу натамошноти продолжување на преговорите за члеснтво на земјата во Унијата.

Прашањето за преговорите за членство на Турција и состојбата во земјата се очекува да биде една од темите и на Самитот на ЕУ во Бросел предвиден за 15 и 16 декември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...