Вашингтонската група во петок ќе дикутира за грчкиот долгАтина, 23 ноември 2016 (МИА) - Состанокот на Вашингтонската група што ќе се одржи во петок во Берлин не е вонреден состанок, соопштија извори од грчкото Министерство за финансии.
Според истите извори, на состанокот, меѓу другото, ќе се дискутира и за грчкиот долг.
Вашингтонската група е неформална група составена од министрите за финансии на четирите најголеми земји во еврозоната - Германија, Франција, Италија и Шпанија, како и претставници на Еврогрупата, Европската централна банка и ММФ.
|