Турција побара од БиХ да ги затвори институциите поврзани со Ѓулен

Анкара, 24 ноември 2016 (МИА) - Турскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Халдун Коч побара од властите во Сараево да ги затворат училиштата и другите установи што Анкара верува дека би можеле да бидат поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, јави ФЕНА.

Коч во интервју за весникот „Дневни аваз“ истакна дека на властите им предал список од училишта и организации за кои верува дека се поврзани со „терористичка организација на Гулен“, како што го нарекува официјална Анкара движењето на пропроведникот, додавајќи дека тие претставуваат „закана за безбедноста“.

- Сега ние очекуваме конкретни мерки од Босна, односно да ги забранат тие организации, нагласува амбасадорот.

Градскиот совет на Сараево минатата недела на професорот по математика Али Лафчиоглу му додели признание за особен придонес во образовниот систем во земјата. Лафчиоглу е вработен во училиште финансирано од Фондацијата на Фетулах Ѓулен.

Ѓулен, кој инаку е основач на движењето Хизмет, веќе со години живее во доброволен егзил во САД. Хизмет, што на турски значи „служба“, претставува движење кое се бори против власта на сегашниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган го обвинува Ѓулен дека стои зад обидот за преврат на 15 јули годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...