Вирусот на птичји грип откриен кај угинат лебед во Романуја

Букурешт, 29 ноември 2016 (МИА) - Романската санитарно-ветеринарна служба објави зајакнати контролни мерки во пристанишниот град Констанца, откако во останките на угинат лебед е откриен вирусот на птичји грип. 

- Беа земени примероци од угинатиот лебед најден во Костанца, а со тестови беше утврено дека станува збор за вирусот Х5Н8, односно птичји грип, изјави заменикот раководител на службата Михај Поња. 

Тој додаде дека регионот во следниот перидот ќе биде набљудуван, како и дека таму ќе бидат воведени строги мерки за биолошка безбедност. 

Исто така, ќе се изврши и проверка во сите стопанства, птичји фарми и пазари во регионот. 

Романија ги зајакна контролните мерки минатата недела, откако унгарските власти наредија уништување на сите птици во реоните во кои беа утврдени жариштата на птичји грип во две населени места во јужна Унгарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...