ОН:Затворите во Турција се преполни, а тепањата широко застапени

Анкара, 2 декември 2016 (МИА) - Тепањата и малтретирањата се широко застапени во затворите во Турција, особено во периодот по неуспешниот обид за преврат од јули годинава, изјави денеска експертот на ОН, Нилс Мелцер, кој предупреди дека затворите и притворите во земјата се преполни, јави ДПА.

Мелцер, како специјален известувач на ОН за проблемите на тепањата, изјавата ја даде на крајот од својата шестдневна посета на Турција. 

- Повеќето од посетените објекти беа преполни, а нивната искористеност варираше од 125 до над 200 проценти од капацитетите на објектите, изјави Мелцер.

Мелцер беше критичен за мерките, што се воведени по вонредната состојба во Турција, изјавувајќи дека луѓето без судска одлука во притвор се држат и до 30 дена, како и до пет дена без достап до адвокат.

- Ќелиите во притворите, во кои во моментов се држат луѓе до 30 дена без пристап до чист воздух, не се погодни за таа намена ни до 48 часа, рече Мелцер.

Експертот посочи дека во Турција има „клима на заплашување“, што ги обесхрабрува луѓето да поднесуваат жалби. Тој ги повика турските власти  подобро да ги истражат тврдењата за малтретирање.

Турција во притвор држи околу 37.000 лица, пред се, заради нивно наводно учество или врски со неуспешниот обид за преврат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...