Хашки суд: Ратко Младиќ бил клучна фигура во злосторствата во БиХ

Хаг, 5 декември 2016 (МИА) - Обвинителството на Хашкиот трибунал денеска, во својот завршен збор во судскиот процес против Ратко Младиќ, оцени дека тој бил клучно лице одговорно за масакрот на муслиманите во Сребреница и за злосторствата извршени со цел насилно создавање на српска држава во големи делови на БиХ.

Младиќ, кој денес има 74 години, е обвинет за геноцид, протерување, убиства и злосторства против човештвото. Обвинителството денеска започна со читање на завршниот збор, изложувајќи аргументи во судскиот процес против поранешниот командант на војската на босанските Срби за време на војната во БиХ во 90-те години на минатиот век.

Обвинителот Ален Тиегер се осврна на историските настани, кои и претходеа на војната, како и на сите точки од обвинението. Тој истакна дека Младиќ учествувал во планот, кој имал за цел радикална промена на демографската карта на делови од Босна, кон кои имале претензии босанските Срби.

Тиегер нагласи дека Младиќ имал апсолутна власт во армијата на босанските Срби, не одговарал пред никого и поради тоа е одговорен за се што се случило со несрпското население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...