Хан: Поддршката и противењето на проширувањето на ЕУ е еднаква

Во моментов во ЕУ има еднаков процент на поддршка и противење на проширувањето, изјави денеска во Брисел еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во обраќањето на конференцијата „Балканот: Зголемување на поврзаноста на патот кон ЕУ“, чиј организатор е невладината организаицја „Пријатели на Европа“.



Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Хан посочи дека во многу делови на Европа, поддршката за овие активности не е голема.

- Денес има еднакво мнозинство и против понатамошно проширување на ЕУ. Не можам да предвидам ден, но за време на мојот мандат сакам земјите да одат напред и да направат неповратна база за европските аспирации. Важно е и за стабилноста и безбедноста, како за регионот, така и за нас како ЕУ. Меѓучекор е регионална соработка, како Берлинскиот процес, на пример, преку конкретни мерки во областа на транспорт, поврзаност, енергија, единствен балкански пазар и сл., истакна Хан.

Според него, Брисел не е заглавен со проширувањето, но тој посочи дека е важно да се сфати дека по големото искуство со проширувањето, сега имаме нова ситуацијата во Европа и меѓу земјите членки, како и нова ситуација кај кандидатските земји.

Тој истакна дека земјите кандидати мора да сфатат дeка не доволно само да се усвои европското законодавство и да се прифати, туку и да се имплементира.

- Во демократијата се потребни и добри компромиси што ќе бидат добри за двете спротивставени страни. Потребен е кредбилен учинок, што ќе ни даде уверување дека земјата е подготвена. Не можеме да ја оставиме на страна и економската ситуација во Европа и во регионот. Сакам да притиснам за економски развој на земјите, да се даде перспектива на луѓето таму со цел тие да не се селат. Да имаат можности за работа за себе и за семејствата. Но, треба време за тоа, истакна Хан.

Комесарот за проширување на ЕУ посочи дека најдобрите млади луѓе емигрираат, додавајќи дека како поранешен австриски министер за наука и истражувања, уште пред десет години имал искуство со прашањето за одлив на мозици.

Според Хан, никогаш нема да се привлечат странски инвеститори, бидејќи тие нема да ризикуваат пари ако нема независност на судството.

- Треба да ги убедиме граѓаните на Европската унија колку е важно идното проширување со пријатели од Западниот Балкан. Обединувањето на Европа е прв важен чекор, а тоа беше големото проширување во 2004 година. Вчера на состанок со министрите за транспорт од шесте балкански земји во врска со Самитот во Италија следното летото, утврдивме дека е потребен напредок и во економска ситуација и во основните начела, нагласи Хан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...