Турскиот парламент расправа за зајакнување на извршната власт на Ердоган

Анкара, 9 јануари 2017 (МИА) - Турскиот парламент денеска започна расправа за неколку уставни амандмани, со кои треба да се зајакне извршната власт на шефот на државата Реџеп Тајип Ердоган, како и да му се овозможи уште двапати да се кандидира за претседател.
Според очекувањата, расправата во Парламентот би требало да трае околу две недели, а реформите мора да поминат два круга на гласање и да добијат поддршка од најмалку 330 пратеници во 550-члениот законодавен дом.
Владејачката Партија за правда и развој има 14 гласови помалку од неопходните 330, но ја обезбедила поддршката од националистичката партија.
Предложените измени треба да му овозможат на претседателот да биде главен носител на извршната власт, да именува влада, да предлага буџет и да прогласува вонредна состојба во државата. Со реформите би се зголемил и бројот на пратеничките места од 550 на 600, ќе се редуцира минималната возраст на пратениците од 25 на 18 години и ќе се утврди претседателските и парламентарните избори да се одржуваат во ист ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...