Снегот предизвика проблеми во Грција

Атина, 9 јануари 2017 (МИА) - Нов студен бран донесе врнежи од снег во многу делови на Грција, додека островите Алонисос и Скопелос останаа без врска со копното затоа што фериботите не пловат, а властите на Лезбос и Хиос се борат за ги згрижат стотиците мигранти кои се сместени во отворени кампови.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во многу делови од Грција училиштата денеска не работат поради обилните снежни врнежи, а метеоролозите предупредуваат дека лошите временски услови ќе продолжат до среда.
Се очекува од вечерва студениот бран да се прошири во североисточна Грција, Тракија, Халкидики, на северните егејски острови и Крит. Се предвидуваат и бури во морето.
Во северозападниот дел на земјата се очекуваат температури и до минус 16 степени Целзиусови, а утрово во оваа област беа измерени минус 13 степени.
Поради студениот бран, патувањето во многу делови од земјата е отежнато и на возачите им се препорачува да не тргнуваат на пат без зимска опрема, особено во северните области на Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...