Чавушоглу: Верувам дека Трамп нема да ги прави грешките на ОбамаАнкара, 9 јануари 2017 (МИА) - Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу истакна дека верува оти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп нема да ги направи истите грешки како администрацијата на Барак Обама во односите со Турција. Тој додаде дека очекува Вашингтон да го екстрадира муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен. Чавушоглу, обраќајќи се пред турските дипломати во Анкара на годишната амбасадорска конференција, посочи и дека се надева на соработка со курдската Единица за заштита на народот.
|