Албанци имаат намера да заземат српска амбасада или конзулат поради Харадинај

Министерот за надворешни рабопти на Србија, Ивица Дачиќ синоќа предупреди дека според безбедносни информации, во албанската дијаспора се планира заземање српско дипломатско-конзуларно претставништво во САД или Европа, за да се принуди Белград да се откаже од барањата за судење на Харадинај.

- Тоа покажува на што се се подготвени албанските политичари, па дури и на тероризам, оцени Дачиќ.
- Имаме безбедносни информации дека во албанската дијаспора се планира заземање на некое наше дипломатско-конзуларно претставништво во САД или Европа. Со тоа Србија би била принудена да се откаже од барањето за судење на Харадинај, нагласува Дачиќ во писмена изјава за српски медиуми.

Тој вели дека за ова е известена полицијата и безбедносните служби и сите српски дипломатско-конзуларни претставништва.
- Србија нема да се откаже од гонење на Харадинај, ниту од кого било што извршил злосторство против српскиот народ. И српскиот народ како и секој друг, заслужува правда, заклучува Дачиќ.

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати изјави дека по апсењето на Рамуш Харадинај би требало да се преиспита дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Косовското Министерство за надворешни работа ја осуди изјавата на Дачиќ како „неприфатлива и подбуцнувачка реторика, што предизвикува дестабилизација“. Министерството оценува дека тоа е речник од 90-те години на минатиот век и страв кога Србија, како што тврди, „сама оркестирала напади и им ги припишувала на други“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...