Ердоган: Засекогаш ќе бидеме на Кипар

Анкара, 13 јануари 2017 (МИА) - Повлекување на турските сили од северниот дел на Кипар не доаѓа во предвид, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, наведувајќи дека Атина и кипарските Грци и понатаму имаат „различни очекувања“ во однос на кипарските Турци за прашањето за решавање на проблемот со поделениот остров.
Тој наведе дека кипарските Турци „интензивно работат“, но грчката страна повторно избегнува решение за Кипар.
- Јасно им порачавме на Кипар и на Грција дека не треба да очекуваат решение без Турција како гарант. Таму вечно ќе бидеме, посочи Ердоган по петочната молитва во Истанбул.
Неговата изјава уследи еден ден откако преговорите за Кипар во Женева завршија без постигнуавње договор, но беше ветено дека ќе продолжат на ниво на експерти на 18 јануари.
Составот на учесниците на средбата на 18 јануари ќе биде ист како и на вчерашната средба во Женева – претставници од ОН, на двете заедници на Кипар, Велика Британија, Грција, Турција и на ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...