Едита Тахири: Србија станува опасност за мирот и стабилноста во регионот

Приштина, 14 јануари 2016 (МИА) - Косовската министерка за дијалог Едита Тахири побара ЕУ да го запре, како што рече, „нелегалниот српски воз“ на релација Белград - Косовска Митровица, за кој оцеми дека претставува провокација во правец на дестабилизација на Косово.

- Србија продолжува со сериозните провокации против Косово, спротивни на духот на бриселскиот договор за нормализација на односите. Предупредувам на покренувањето нова илегална линија Белград - Митровица, бидејќи тоа е агресивно мешање во државната сувереност на Косово и уште еден доказ дека Србија сака да го дестабилизира Косово, изјави Тахири, јави порталот Кос сев, пренесува Танјуг.

Тахири истакна дека Србија станува опасност за мирот и стабилноста во регионот и меѓународната заедница мора да ја запре Србија.

- Србија има опасен план, кој би требало да не загрижи сите нас - и Косово и меѓународните партнери. Ова сега е провокација кон Косово, што укажува дека Србија отворено ја покажува својата агресивна политика, која го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и национална безбедност, изјави косовската министерка.

Претходно, претставници на српските власти, а по повод денешниот почеток со работа на железничката линија меѓу Белград и Косовска Митровица, изјавија дека не очекуваат косовските власти да го спречат влезот на возот во Косово, бидејќи, таквиот третман би имал врска со национализам, шовинизам и ограничување на основните човекови права.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...