Во следните години ќе нема промена на границите на Балканот

Сараево, 15 јануари 2017 (МИА) - Актуелното уредување на Балканот ќе остане непроменето во следните 20 години и не верувам дека е можна некоја голема промена во наредниот период, оцени претсадавачот на Претседателствот на БиХ, Младен Иваниќ во интервју за белградскиот весник „Политика“.

- Не гледам кој би можел да го стори тоа. За некаква промена потребна е голема согласност на сите клучни меѓународни актери, а такво нешто засега нема. Дури ни во земјите од регионот нема согласност за поинаква рекомпозиција, изјави Иваниќ.

Српскиот член на босанското Претседателство оценува дека состојбата во Босна и Херцеговина е влошена во последнава година, но мисли дека мирот во земјата не е загрозен.

- Мислам дека нема да има закани по мирот, затоа што граѓаните на БиХ повеќе не сакаат војна. Тие немаат ни со што да војуваат, а не гледам ни што би добиле со тоа, изјави Иваниќ.

Според него, залудни се надежите на некои дека со евентуална нова војна во БиХ би успеала да ја укинат Република Српска.

- Од друга страна ниту приказните за независност на Република Српска немаат поддршка од официјален Белград, бидејќи со тоа Србија би морала да се откаже од Косово и Метохија, потенцира Иваниќ.

Запрашан како функционира босанското Претседателство во услови на зголемени тензии, тој одговора дека односите меѓу неговите членови се нормални, затоа што, како што нагласи, „кризите никогаш не биле предизвикувани од одлуки на Претседателството“.

Иваниќ потенцира дека главните несогласување во БиХ се на релација Сараево - Бања Лука, но нагласува дека заложбите за сепаратизам од некои сили во Република Српска се последица на провокациите на некои бошњачки политичари во Сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...