Тачи: Заканите за војна се неприфатливи

Приштина,16 јануари 2017 (МИА) - Косовскиот претседател Хашим Тачи, во реакцијата во врска со изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ дека Србија е подготвена да испрати војска на Косово, оценува дека „целите на Србија денес се идентични како оние на Слободан Милошевиќ во деведесеттите години“.
„Косово е заинтересирано за дијалог и нормализирање на односите, а заканите за војна се неприфатливи“, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.
Тој искажува задоволство поради избегнувањето тензии во политичката ситуација и безбедноста во земјата и регионот, спречувајќи го, како што напиша, илегалното влегување на српскиот пропаганден воз на територијата на Косово.

Тачи вели дека Косово го почитува слободното движење на луѓе и стоки и оти тоа го потврдило со отворањето нови гранични премини со соседите, но дека не може да толерира старо српско сценарио, според кое, за жал, додава тој, Белград презема кампања на провокации во континуитет.
- Затоа, органите на редот и безбедноста презедоа мерки да се спречи заканата по интегритетот и суверететот на Република Косово од страна на властите на Србија, наведува Тачи.
Тој се надева дека српските власти сфатиле оти нивното делување е незаконско и е во спротивност со духот на дијалог и соработка, кои се промовираат во регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...