Осумдесет отсто од сириските бегалци веројатно ќе останат во Турција

Истанбул, 16 јануари 2017 (МИА) - Околу 20 отсто од трите милиони сириски бегалци, кои престојуваат во Турција, се очекува да се вратат во своите домови, а останатите 80 проценти веројатно ќе останат во Турција, изјави на прес-конференција турскиот омбудсман Шереф Малкоч.
Тој изрази надеж дека на претстојните мировни преговори за Сирија во Астана ќе биде посветено доволно внимание за решавање на овој проблем.
Малкоч се повика на податоци објавени од ОН, нагласувајќи дека најголем број од сириските бегалци престојуваат во Турција.
Според него, Турција подготвува специјален извештај во врска со проблемите со миграцијата. За таа цел се посетуваат бегалските кампови во земјата и се одржуваат средби со невладини организации и официјални институции, кои се занимаваат со тие прашања.
Турскиот омбудсман додаде дека вкупниот број на пристигнатите бегалци во Турција, не само од Сирија туку и од други земји, достигнал четири милиони лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...