БНБ: Бугарскиот банкарски систем наскоро ќе биде подготвен за еврото

Софија, 17 јануари 2017 (МИА) - Бугарија продолжува со реформите и за околу година или година и половина нејзиниот банкарски систем ќе ги исполнува неопходните услови за приклучување на земјата кон Еврозоната, изјави денеска раководителот на Бугарската народна банка (БНБ), Димитер Радев.
- Сепак одлуката за тоа е политичка и во голема мерка ќе зависи од надворешната и внатрешната политичка конјуктура, изјави Радев на годишната средба на претставници на Владата и бизнис секторот.
Како што јави БТА, Радев оцени дека бугарскиот банкарски систем денес е во многу подобра кондиција отколку во 2015 година, кога земјата се соочуваше со сериозни безбедносни предизвици придизвикани од бегалскиот прилив.
Тој потенцира дека бугарскиот платен систем во моментов целосно ги исполнува усовите неопходни за членство во Еврозоната, но дека е потребно да се работи на изградба на финансиска инфрастуктура, која во целина ќе одговара на стандардите на Европската монетарна унија.
Говорејќи на истиот собир, бугарскиот министер за финансии Владислав Горанов изјави дека тој е „убеден приврзаник“ на брзо приклучување на Бугарија во Еврозоната.
- Скептицизмот не доаѓа затоа што ние не сакаме, туку поради мешањето на неопходните стурктурни реформи и зголемувањето на довербата во Бугарија со политичките критериуми, истакна Горанов.
Тој смета дека Бугарија досега изодила 20 проценти од својот пат кон Еврозоната и дека треба да работи на создавање услови за обезбедување одржлив развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...