Турското обвинителство бара до 142 години затвор за курдскиот лидер Селахатин ДемирташАнкара, 17 јануари 2017 (МИА) - Турското обвинителство денеска побара до 142 години затвор за копретседателот на главната курдска партија во Турција, Селахатин Демирташ, кој е обвинет за поврзаност со нелегалната Курдска работничка партија (ПКК). Меѓу обвиненијата, поднесени против Демирташ, се „раководење со терористичка организација“, „вршење на терористичка пропаганда“, „поттикнување на насилство и омраза“, „воздигнување на криминал и злосторник“, за што обвинителството за него бара затворска казна меѓу 43 и 142 години. Обвинителството во Дијарбекир побарало исто така и меѓу 30 и 83 години затвор за копретседателката на Демократската партија на народите, Фиген Јуксекдаг. Таа е обвинета за „прекршување на законот за протести и собири“, „поттикнување на насилство и омраза“ и „провоцирање на луѓе за извршување на злосторства“. Демирташ и Јуксекдаг беа уапсени во ноември минатата година заедно со уште десетмина други пратеници од истата партија.
|