Ципрас ја повика Турција да ја изостави агресивната реторика

Атина, 18 јануари 2017 (МИА) - Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја повика Турција да ја изостави агресивната политика и да пристапи сериозно и одговорно кон преговорите за решавање на кипарското прашање, пишува весникот „Нафтемборики“.
- Без да сме прекумерни оптимисти, разумно и одговорно продолжуваме да работиме интензивирано за решавање на кипарското прашање, рече Ципрас во Парламентот.
Тој нагласи дека претпоставка за успех на тој процест е Турција да пристапи кон преговорите за Кипар со позитивен дух и да ја остави настрана агресивната реторика.
- Женевската конференција продолжува на експертско, дипломатско ниво. Владата на Грција продолжува да соработува со Владата на Кипар и претседателот Никос Анастасиадис во рамки на интензивните напори преземени од нив, за да се пронајде праведно и суштинско решение на проблемот, без гаранции и преку повлекување на турските војски од островот, рече Ципрас.
Тој напомена дека првпат на тие преговори меѓу двете заедници на островот биле разменети мапи со територијални обележја, иако несогласувањата меѓу нив остануваат.
Ципрас го означи како голем дипломатски успех тоа што на дневен ред на преговорите била поставени прашања за гаранциите и безбедноста на Кипар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...