Фунго: Единствената војска која може да делува на Косово е КФОР

Приштина, 18 јануари 2017 (МИА) - Единствената војска која може да делува на Косово е КФОР, изјави командантот на КФОР Џовани Фунго за приштинскиот весник „Коха диторе“.
Запрашан да ја прокоментира изјавата на претседателот на Србија Томислав Николиќ за можноста за испраќање на српска војска на Косово, Фунго објасни дека тоа е одлучено со Кумановскиот мировен договор во 1999 година, пренесува Танјуг.
Тој истакна дека за време на тензиите од минатиот викенд, кога започнало пробното возење на возот на линијата Белград - Косовска Митровица, КФОР била во состојба на подготвеност.
Меѓутоа, Фунго наведе дека КФОР се вклучува дури после полицијата на Косово и Еулекс, како трета сила.
Тој оцени дека неодамнешните случувања се загрижувачки, додавајќи дека тие проблеми треба да бидат решени со дијалог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...