Анкета: Грците незадоволни од СИРИЗА

Атина, 20 јануари 2017 (МИА) - Песимизам и незадоволство владее во Грција од власта на левичарската партија СИРИЗА, покажува најновото истражување објавено на телевизија „Скај“.
На прашање - дали се задоволни од досегашните постигнувања на Владата, 86,5 отсто од Грците одговориле дека не се задоволни, шест отсто одговориле позитивно, а 7,5 отсто немаат став.
Од испитаниците, дури 88 отсто се убедени дека земјата оди во погрешна насока, а 72 насто очекуваат 2017 година да биде уште полошо. Околу 63 проценти сметаат дека финансиската состојба можеби или сигурно ќе се влоши.
Анкетата покажува и зголемување на разликата помеѓу двете најголеми грчки партии. Нова демократија веќе има предност пред СИРИЗА со 14,5 процентни поени. Трета останува крајнодесничарската Златна зора со поддршка од 7,5 насто. Демократскиот блок и Комунистичката партија имаат по 6,5 насто доверба, Независни Грци - два насто, Сојуз на центристите - 2,5 насто, Народно единство - 1 отсто и Курсот на слободата - 2,5 отсто.
Седумдесет и еден процент од Грците сметаат дека Нова демократија ќе победи на претстојните избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...