Тереза Меј во посета на Анкара во обид да ги зајакне односите со Турција

Анкара, 28 јануари 2017 (МИА) - Британската премиерка Тереза Меј по средбата во Вашингтон со американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе ја посети Анкара, со цел зајакнување на британско-турските односи пред планираното излегување на Обединетото Кралство од Европската унија.
Меј ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со премиерот Бинали Јилдирим, за разлика од другите европски лидери кои не многу склони да ја посетуваат Турција по масовните чистки, преземени од властите по неуспешниот обид за пуч од 15 јули минатата година.
Турција, која е официјално кандидат за членство во ЕУ, го смета Лондон како еден од нејзините најголеми поддржувачи во Унијата. Но референдумот за Брегзит во 2016 година ја лиши Анкара од тој нејзин сојузник и сега двете земји се обидуваат да создадат нова динамика во односите надвор од ЕУ.
Со оглед на тоа што Меј планира да го повлече Обединетото Кралство од единствениот европски пазар, Лондон сега е жеден за склучување трговски односи со партнери надвор од Унијата.
Главни теми на посетата на Меј на Анкара ќе бидат зајакнувањето на соработката во областа на безбедноста и воспоставување нови трговски односи.
Според податоци на турското Министерство за надворешни работи трговската размена меѓу двете страни изнесува над 16 милијарди долари во 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...