Павлопулос: Турција го прекрши и Договорот од Лозана

Атина, 30 јануари 2017 (МИА) - Сакам да и кажам на пријателска и соседна Турција дека треба да ја почитува историјата, пријателството и добрососедството. Не е доволно да кажеме дека сме пријатели, треба да го докажеме тоа, изјави претседателот на Грција Прокопис Павлопулос.
Неговата изјава уследи откако за викендот беше нарушена грчката морска граница во реонот на островите Имија/Кардак, што беше причина за конфликт меѓу двете држави во јануари 1996 година.
Грчката армија вчера беше под тревога откако турски воен брод, со кој се превезуваше началникот на Генералштабот на турската армија,Хулуси Акар, го обиколи спорниот реон.
- Сегашното нарушување во близина на Имија/Кардак е исклучително сериозно, бидејќи не се нарушени само грчките морски граници од страна на Турција, туку и границата на Европа. Прекршен е Договорот од Лозана, изјави синоќа Павлопулос при официјалната посета на Португалија.
Тој додаде дека се надева оти во иднина нема да има слични инциденти бидејќи тие нема да влијаат само врз билатералните односи туку и врз односите на Турција со Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...