Истанбул, 1 февруари 2017 (МИА) - Вооружен маж зеде за заложници голем број лекари и дел од медицинскиот персонал во болница во Истанбул, јавуваат турските медиуми.
Весникот „Хуриет“ наведува дека се верува оти напаѓачот е пациент на психијатриското одделение во болницата Церапаша.
Полицијата е на местото на настанот и го загради просторот околу болницата.