Да се промени форматот и да се забрза дијалогот меѓу Белград и Приштина

Приштина, 13 февруари 2017 (МИА) - Косовскиот премиер Иса Мустафа смета дека форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина треба да се измени и оти е потребно тој да се забрза.
Мустафа во интервју за порталот Телеграфи изјави дека смета оти тој дијалог би требало да биде подинамичен, со јасни временски рамки и цели, јави Танјуг.
На прашањето дали би требало да се промени форматот на дијалогот меѓу Белград и Приштина Мустафа рече дека таа одлука ќе биде донесена во координација со европските партнери.
- Постои простор нашите делегации да биде сеопфатни, вклучувајќи ги членовите на опозицијата и граѓанското општество и дијалогот да биде завршен во блиска иднина, рече Мустафа.
Говорејќи за отстранување на потпорниот ѕид во северна Косовска Митровица, наместо кој ќе биде изградена потпорна конструкција, Мустафа тврди дека тоа прашање е решено во разговори со општинското раководство, а не со властите во Белград.
Кога станува збор за демаркацијата со Црна Гора, Мустафа изјави дека спогодбата ќе биде предадена на Собранието кога надлежната комисија ќе ја заврши својата работа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...