Приштина, 16 февруари 2017 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека „порано или подоцна“ заради намалување на трошоците Албанија и Косово ќе имаат не само заеднички конзуларни служби, туку и амбасади, пренесе приштинскиот весник „Коха диторе“.
- Ако некој тоа го гледа како „Голема Албанија“, тогаш тоа е негов проблем. Тоа не е „Голема Албанија“, рече Рама.
Како што самиот додаде, станува збор за драстично намалување на трошоците, кои , според него, истовремено ќе ги зближат луѓето.