Албанско-хрватско писмо до генералниот секретар на НАТО

Тирана, 16 февруари 2017 (МИА) - Албанија и Хрватска побараа од НАТО да ги преразгледа плановите за мировната мисија во Косово, посочувајќи дека националистичката реторика на српските политичари се заканува оти ќе го дестабилизира регионот, пренесува БТА.
Односите меѓу Србија и Косово се тензични повторно откако Белград испрати воз со натпис „Косово е Србија“ до границата, а косовската полиција соопшти оти нема да му дозволи да влезе на косовската територија.
Српскиот претседател Томислав Николиќ ги обвини властите во Приштина дека сакаат да започнат војна, а неговиот колега Иса Мустафа нагласи дека Србија би можела да го искористи рускиот модел на Крим и да го анексира северниот дел на Косово.
Министерот за одбрана на Албанија Мими Кодели и хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ испратија заедничко писмо до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, осудувајќи ја националистичката реторика на српските политичари и конкретните дејствија на границата.
Министрите напишаа дека тие активности имаат за цел да посегнат по суверенитетот на Косово и да ја дестабилизираат безбедноста на Западен Балкан, се наведува во соопштението испратено од канцеларијата на Кодели.
Министрите побараа од Столтенберг да го преразгледа оперативниот план за мировната мисија во Косово по последните случувања и да ја поддржи трансформацијата на силите за безбедност на Косово во Армија на Косово.
За да создаде Армија, Косово треба да добие поддршка од српското малцинство во Парламентот, чии претставници се спротивставуваат на тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...