Хрватска доби 142,5 милиони евра неповратна помош од ЕУ

Брисел, 17 февруари 2017 (МИА) - Република Хрватска денеска доби 142,5 милиони евра неповратна помош од Европската унија за два проекти кои и тоа како ќе и помогнат на оваа држава која последна и се приклучи на Унијата во подобрување на стопанството и воопто на државниот буџет.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Координацискиот одбр на Инструментот за поврзување на Европа (ЦЕФ), претпладнево одобри 102 милиони евра за изградба на пловечки терминал за течен плин (т.н. ЛНГ-терминал) на островот Крк, а Хрватите ќе добијат и уште 40,5 милиони евра за заеднички проект со Словенија за унапредување на системот за преност на електрична енергија.

Според Европската комисија, овие два проекти за кои Хрватска добива 142,5 милиони евра се дел од целиот пакет во износ од 444 милиони евра за вкупно 18 енергетски проекти во Европа.

Инаку, проектот за ЛНГ-терминал на островот Крк предвидува складирање на течен плин. Неговата изградба се очекува да заврши во 2019 година, а вкупната вредност изнесува 363 милиони евра, од кои 30 проценти се покриени со помошта што денес ја добија Хрватите од ЕУ.

За вториот хрватско-словенечки проект за пренос на електрична енергија, пак, одобрените 40,5 милиони евра од Унијата се 51 проценти помош од вкупната цена за целосна изградба на истиот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...