Албанската опозиција денеска на масовен антивладин протест

Тирана, 18 февруари 2017 (МИА) – Албанската опозиција денеска на пладне најави одржување на досега најмасовен антиваладин протест.

Најголемата опозициска сила Демократската партија протестите ги најавила и во полиција, при што во известувањето се наведува дека истите ќе се одржат пред Владата, дека ќе траат четири часа и оти поради тоа побарала блокирање на сообраќајот на плоштадот „Народни херои“.

Како што најави лидерот на демократите, Љуљзим Баша, целта на протестите е „слободни и демократски избори“.

- Ги повикувам сите сограѓани на протести против Владата. Да протестираме сите заедно против неправдата и сиромаштијата, против болното здравство и уништеното образование, против владината ароганција и притисок, против дрогата, криминалот и криминалците во политиката. Да ја заштитиме слободата, за да избереме и да потврдиме решителност за да го заштитиме гласот, апелираше лидерот на ДП, Љуљзим Баша.

Според него, само со храброст и одлучност може да се врати власта кај народот, а слободни избори се главен услов за започнување преговири на ЕУ со Албанија.

Полицијата во меѓувреме информраше дека „е мобилизирана бидејќи очекува провокации од страна на учесниците во протестот“.

- Мерките на полицијата ќе бидат идентични како и на претходните протести. Првиот кордон ќе биде со полицајки. Имаме информации дека е можно провоцирање од страна на учесниците во протестот со фрлање камења, потврдиле од полицијата.

Исто така, полицијата потврди дека протестот ќе почне во 12 и ќе заврши во 16 часот и апелира до организаторите за воздржаност.

Заради безбедност, американската амбасада во Тирана до своите граѓани кои живеат во Албанија упати апел да избегнуваат движење во близина на местото каде ќе се одржува протестот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...