Албанската опозиција го замрзна учеството во Парлементот

Тирана, 21 февруари 2017 (МИА) - Стотици албански граѓани поддржувачи на опозиција предводени од лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша веќе четврти ден протестираат во поставените шатор пред Владата, јави дописникот на МИА.
Баша во обраќање пред присутните денеска соопшти дека освен протестите, веќе е замрзнато и учеството на опозицијата во работата на Парламентот се додека не се исполнат барањата на демонстрантите.
Баша порача дека „опозицијата и граѓаните“ не се откажуваат од барањата за соборување на владата на премиерот Еди Рама и за одржување слободни и фер избори.
- Тука сме од потребата еднаш засекогаш да кажеме СТОП на измамите и ароганцијата и заедно да создадеме Албанија без корупција. Ова е најголемата кауза за секој од нас. Затоа ќе бидеме тука секој ден во што поголем број. Секој ден се поодлучни се до целосна, а не половична реализација за слободни и фер избори и техничка влада, порача денеска Баша.
Тој повторно упати критики и обвинувања дека на сите нивоа на власта институциите се преполни со криминалци, а медиумите „секое утро и навечер добиваат наредби, закани и пари од премиерот, кој на целиот Балкан е модел за поткуп на медиумите“.
- Искажувам почит и балгодарност кон новинарите и вработените во медиумите кои со нивната работа во услови на притисоци се трудат да му го покажат на Албанија и на светот вистинскиот лик на корупцијата, рече Баша.
Парламентарните избори во Албанија се закажани за 18 јуни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...