Калн: ЕУ треба да преземе чекори за укинување на визите за турските граѓани

Анкара, 22 февруари 2017 (МИА) - Турција очекува чекори од страна на Европска унија за да им се дозволи на турски граѓани да патуваат без визи во земјите-членки на ЕУ што е можно побрзо, изјави денеска Ибрахим Калн, портпарол на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган,
Во рамките на договорот за мигрантите, постигнат меѓу Турција и ЕУ, Анкара се согласи да го запре бранот нелегални мигранти кон Европа во замена за безвизно патување на турските граѓани и финансиска помош. Укинувањето на визите е блокирано поради несогласувањето на ЕУ со турските антитерористички закони.
Калн исто така апелираше до израелската Влада да ја прекине „политиката на нелегално населување“ на палестинска земја.
Ердоган претходно ја осуди одлуката на Израел за изградба на населби во Западен Брег како „апсолутна провокација“. Израел минатиот месец објави планови за изградба на уште 3.000 домови во Западен Брег, а изгласа и Закон за легализација на околу 4.000 домови.
Портпаролот на Ердоган посочи дека кипарските Турци нема да учествуваат на утрешната средба на лидерите на Кипар поради одлуката за одбележување на годишнината од референдумот од 1950 година, кога кипарските Грци изгласаа обединување со Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...