Сараево, 23 февруари 2017 (МИА) - Во Сараево денеска ќе се одржи вонредна седница на Претседателството на БиХ, закажана од претседавачот Младен Иваниќ, а на која ќе се расправа за тоа дали ќе биде покрената ревизија на пресудата по тужбата против Србија, која ја најави бошњачкиот член на Претседателството, Бакир Изетбеговоиќ.
Дневниот дер на седницата е „поднесување барање за ревизија на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг во случајот на БиХ против Србија“.
Седницата е закажана за попладнево.