Иваниќ: Претседателството на БиХ е во тешка криза

Сараево, 24 февруари 2017 (МИА) - Претседателството на Босна и Херцеговина е во криза, изјави денеска во Сараево претседавачот Милан Иваниќ и додаде дека неговиот колега Бакир Изетбеговиќ треба да биде прашан како да се надмине кризата.
Изетбеговиќ вчера ја напушти седницата на Претседателството на БиХ, бидејќи не сакаше да се изјасне по единствената точка на дневен ред - барање за ревизија на пресудата на Меѓународниот суд на правдата по тужбата на БиХ против Србија за геноцид.
- На тој начин Изетбеговиќ ја блокира работата на највисокиот државен орган во земјата, посочи Иваниќ.
Делегација на Босна и Херцеговина вчера повторно поднесе жалба пред Меѓународниот суд во Хаг за геноцид против Србија.
Барањето за обновување на жалбата беше поднесено без согласност од претседателството на БиХ.
БиХ поднесе жалба пред Меѓународниот суд во Хаг во 1993 година, кога го обвини Белград за етничко чистење на Хрватите и муслиманите за време на војната.
На 26 февруари 2007 година судот утврди дека силите на босанските Срби извршиле геноицид во Сребреница, кога беа убиени околу 8.000 муслимани, но Србија не е одговорна за организирањето на геноцидот.
Рокот за евентуално преразгледување истекува на 26 февруари годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...