Амбасадата на САД во Загреб ги осуди неонацистичките и усташките ставови

Загреб, 27 февруари 2017 (МИА) - Амбасадата на САД во Загреб денеска најсилно ги осуди неонацистичките и усташките ставови изразени за време на вчерашните демонстрации во центарот на Загреб, што беа организирани од страна на Автохтона - Хрватската партија на правата (ХСП).
- Амбасадата на САД најсилно ги отфрла неонацистичките и проусташките ставови изразени за време на вчерашните демонстрациите во Загреб, се наведува во соопштението за медиумите.
На истите протести, имено, е изразена и поддршка за американскиот претседател Доналд Трамп. Американската Амбасада поради тоа истакна „Го осудуваме секој обид за поврзување на САД во оваа омразена идеологија“.
Од Амбасадата порачаа дека таквата сугестија го навредува сеќавањето на 186.000 американски војници кои загинаа во Европа во борбите против нацистичка Германија и невините жртви убиени за време на Втората светска војна.
На протестите, поради нарушувањето на јавниот ред и мир, приведен е претседателот на (ХСП) Дражен Келеминац.
Келеминац (53) е пренесен во службените простории за кривична истрага поради повреда на одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...