Сијарто: Можно рестартирање на „Јужен поток“ по изборите во Бугарија

Будимпешта, 27 февруари 2017 (МИА) - По одржувањето на предвремените парламентарни избори во Бугарија, можно е да стане збор за рестартирање на проектот за изградба на гасоводот „Јужен поток“, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
- Мислам дека треба да ги почекаме изборите во Бугарија, за да видиме каква ќе биде бугарската поизиција. Враќањето во живот на проектот е во интерес на Унгарија. И не само на Унгарија, туку и на Србија, Босна и Херцеговина и на самата Бугарија, изјави Сијарто.
Тој нагласи дека сите држави од Западен Балкан и од Централна Европа се заинтересирани за обнова на проектот „Јужен поток“.
Проектот „Јужен поток“ предвидуваше дистрибуција на природен гас од Русија преку дното на Црното Море до Бугарија, а потоа од таму преку Србија и Унгарија до Средна Европа, со можни краци кон Македонија и БиХ.
Во декември 2014 година Русија објави дека го откажува проектот „Јужен Поток“, поради спорот со ЕУ околу неговата изградба и ја најави изградбата на гасоводот „Турски поток“, кој треба да пренесува гас од Русија преку дното на Црното Море до северозападна Турција.
Превремените избори во Бугарија се закажани за 26 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...