Кај Валона запленети 900 килограми, а кај Коница 340 килограми марихуана

Тирана, 28 февруари 2017 (МИА) - Во две одделени акции, едната во албанскиот приморски град Валона, а другата во близина на пограничниот град Коница, запленети се 1.240 килограми албанска марихуана.
Албанската полиција, во рамки на акцијата „Форест“, на позната плажа Зврнец, кај Валона заплени 900 килограми марихуана и уапси шест лица на возраст од 24 до 49 години.
Дрогата била откриена на педесеттина метри од морскиот брег, кога била подготвувана да биде натоварена на голем моторен чамец, кој требало да отплови во правец на италијанскиот брег.
Грчката полиција уапсила албански државјанин и запленила 340 килограми марихуана на само неколку километри оддалеченост од грчко-албанската граница,во близина на градот Коница.
Крајната дестинација на дрогата бил атинскиот нарко пазар.
Во изминатите два месеца од годинава, албанската, италијанската и грчката полиција имаат запленето над 30 тони марихуана произведена во Албанија. Само во две акции во италијанскиот град Анкона овој месец запленети се 18 тони, од нив 8 тони на дванаесетти, додека 10 тони на 19 февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...