Жариште на птичјиот грип во Зоолошката градина во Сараево

Сараево, 1 март 2017 (МИА) - Лабораторијата при Ветеринарниот факултет во Сараево денеска потврди дека во сараевската Зоолошка градина е потврдено присуство на вирусот на грипот А потпип Х5Н8, познат како птичји грип, јави ФЕНА.
По потврдувањето на жариштето на болеста, Канцеларијата за ветеринарство на Босна и Херцеговина апелираше до сопстевниците на живина да го зајакнат спроведувањето на биобезбедносни мерки на своите имоти и да спречат контакти меѓу домашните и дивите птици.
Во изминативе месеци птичјиот грип беше потврден во повеќе европски и балкански земји, а на територијата на БиХ се појави во реонот на градот Приједор.
Според извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) од ноември 2016 година, досега не е потврден случај на пренос на вирусот од птици на луѓе, но дека и покрај многу малата веројатност за инфицирање на луѓето со овој тип на вирусот, таквата можност сепак не може во целост да се исклучи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...