Антикорупциска операција против државни и локални службеници во Србија

Белград, 1 март 2017 (МИА) - Во обемна операција на српската полиција за справување со стопанскиот криминал и корупцијата, денеска се уапсени 53 лица под обвинение за злоупотреба на службената положба и овластувања, јави српската државна телевизија РТС.
Во рамки на операцијата под истото обвинение се издадени потерници по уште 25 други лица.
Како што соопшти српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, осомничените се товарат дека со своите активности во периодот од 2005 година, па досега, на буџетите на Србија, на Војводина и на повеќе општини им нанеле штета од над 10 милиони евра.
Стефановиќ информира дека меѓу уапсените има инспектори од српското Министерство за земјоделство, вработени во белградското сообраќајно претпријатие „Ласта“, членови на раководството на Ветеринарниот институт од Земун, како и 13 полицајци, одговорни за регистрација на возила.
- Оваа операција е уште еден сериозен доказ дека државата сериозно се бори против сите форми на корупција и стопански криминал и дека во таа борба нема недопирливи, независно од тоа на која позиција се наоѓаат и која е нивната партиска припадност, порача Стефановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...