Во земјотресот во Турција повредени најмалку пет лица

Најмалку пет лица се повредени во земјотресот со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, што денеска го погоди градот Самат во југоисточна Турција.

- Во Самат и околината се урнати неколку згради, меѓу кои и едно училиште и резиденцијата на градоначалникот и локалниот гувернер, изјави градоначалникот на Самат, Јусуф Фират.

Тој додаде дека при уривањето на зградите никој не е повреден. Земјотресот предизвика паника меѓу граѓаните.
Според сеизмолошката опсерваторија „Кандили“, епицентарот на земјотресот бил во регионот на градот Самат во провинцијата Адијанам, а по него уследиле уште четири послаби потреси од кои два со интензитет од 4,2 и 4,4 степени според Рихтер.

Земјотресот, регистриран во 13.07 часот по локално време (12.07 часот по средноевропско време), бил на длабочина од 10 километри и се почувствувал и во окрузите Газиантеп, Килис, Батман и Шанлијурфа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Каква смрт сакате како последна желба? - го прашува судијата осудениот на смрт пред погубување.
- Па ако може природна!


webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1818.- Францускиот научник Рене Лаенек во Париз,...
1874.- Умре Јонас Ангстрем, шведски физичар и...
1905.- Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски...
1935.- Во Париз (од 21 до 25 јуни) е одржан...