Келер: Балканот е важен за Европската унија

Стразбур, 14 март 2017 (МИА) - Балканот е важен дел од Европа и со тоа е и важен за Европската Унија, па затоа ги поддржуваме напорите на балканските земји за приклучување кон ЕУ и се грижиме за судбината на овие држави, изјави копретседателката на групата на Зелените во Европскиот парламент, германската европратеничка, Ска Келер.
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, коментирајќи ги резултатите од минатонеделниот Самит на ЕУ во Брисел, на кој една од темите беше и состојбата на Западниот Балкан, Келер изрази загриженост за развојот на ситуацијата во регионот.
- Ние го следиме развојот на ситуацијата на Балканот со голема загриженост, рече германската европратеничка.
Таа нагласи дека постојат работи кои Европарламентот може да ги направи за балканскиот регион, како што е одржувањето на контакти со граѓанското општество, бидејќи, како што рече, тоа „ја гради иднината“.
- Добро е да има лица кои се борат за правата на граѓаните за солидарност, ние треба да им помогнеме на тие луѓе, ќе биде страшно ако тоа што е постигнато биде ставено во прашње поради корупцијата, рече Келер.
Таа нагласи дека е потребно политичарите „да ја сносат и преземат својата одговорност за тоа како нештата еволуираат“.
- Ние ќе продолжиме да ги одржуваме контактите со граѓанското опшштество и ние навистина сме загрижени со тоа што се случува во Западен Балкан, рече Келер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...