Коѕиас: САД ја препознава посебната улога на Грција

Атина, 15 март 2017 (МИА) - Улогата на Грција во кревките геополитички околности и во регионалниот нестабилен триаголник, како и прашањата за безбедноста на Блискиот Исток, во источниот Медитеран и на Балканот доминирале на средбата во Вашингтон меѓу грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и советникот за национална безбедност на американскиот претседател, генерал-полковник Херберт Рејмонд Мекмастер.
Коѕиас на средбата се осврнал на „значајната улога на Грција во регионот и иницијативите преземени за да се стабилизира климата“.
- Поставивме голем број институции и ги зајакнавме односите со земји како Египет, Израел, Либан, Јордан и Палестина. Имаме средби со четири земји од Балканот, како и прекугранична соработка, а ќе ја зајакнеме и соработката Грузија и Ерменија и ќе ја покажеме посебната улога која Грција може да ја има во регионот, изјави шефот на грчката дипломатија по средбата.
Покрај тоа, Коѕиас истакна дека „американската страна ја препознава посебната улога на Грција“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...