Завршен состанокот на премиери од Западен Балкан што се одржа во Сараево

Сараево, 16 март 2017 (МИА) – Тричасовниот состанок на премиерите од државите од Западен Балкан заврши денеска во Сараево. Состанокот беше во рамки на подготовки за претстојниот четврти самит на Берлинскиот процес што ќе се одржи во јули.
Домаќинот, претседавачот со Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ рече дека стабилноста мирот и безбедноста на овој простор се клучни за политички, социјални и економски развој на државите од Западен Балкан поради што „премиерите на државите имаат одговорност да ги задржат нашите земји на европскиот пат“.
На состанокот присуствуваше и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан. Тој порача дека државите членки на ЕУ и покрај изборите кои се во тек или следат во повеќе држави, во целост се приврзани за процесот на ширење на западен Балкан. Предупреди дека државите од регионот не смеат да дозволат пречки да загрозат остварен напредок.
Како најважно прашање Хан ја наведе економијата бидејќи како што објасни, економијата прво носи напредок во процесот на европски интеграции. Спомена и за понатамошно поврзување на инфраструктурата и економиите.
Конференцијата почна со свечено доаѓање на премиерите на Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија. На собирот беше и шефот на косовската влада Иса Мустафа и Анџелино Алфано, министер за надворешни работи на Италија, следна држава домаќин на Самит на држави од Западен Балкан во јули во Трст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...