Резултатите од реформите не мора секогаш да бидат видливи за граѓаните

Сараево, 17 март 2017 (МИА) - Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, по денешниот состанок за Реформаската агенда на Босна и Херцеговина во Сараево, изјави дека конкретните резултати од реформите не мора секогаш да бидат видливи за граѓаните, но дека сепак ефектите од нив се позитивни.
Хан прецизираше дека во 2016 година е регистрирано зголемување на индустриското производство и на извозот од БиХ за околу 10 проценти, како и дека во кантонот Сараево се регистирани за 20 отсто повеќе мали и средни претпријатија.
Тој нагласи дека реформскиот план мора да биде продолжен и дека треба да бидат исполнети условите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за продолжување на ангажманите и за исплаќањето на следните транши.
Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ ја повтори определеноста на Владата во Сараево за спроведувањето на реформите во насока на европската интеграција и економски развој.
Звиздиќ додаде дека процесот на реформите треба да го следат инвестициите во проектите што ги предложила БиХ, а ќе бидат финансирани под услови што се поволни за земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...