Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ

Виена, 20 март 2017 (МИА) - Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оцени дека ситуацијата во земјите од Западен Балкан и натаму е кревка и трајно решение е можно само во меѓународните рамки, односно внатре во ЕУ.
- Ние не се фокусираме на датумите за членство. Зборуваме за пристапниот процес, а со која брзина напредуваат земјите зависи само од нив, истакна Хан во интервју за виенскиот весник „Курир“.
Што се однесува до отпорот за натамошен прием на земјите во ЕУ, тој нагласува дека мнозинството граѓани на земјите членки се воздржани, поради што е важно тие луѓе да се убедат дека новата членка не претставува товар или проблем, туку добивка.
Државите кои сакаат да станат членки, според него, мора да исполнат предуслови, правниот систем мора да функционира, треба да бидат многу поатрактивни за инвестиции. Економиите на државите мораат, при идните приеми, да бидат клучен фактор.
- Поради тоа предложивме заеднички пазар за регионот на Западен Балкан, со слободен проток на стока и услуги, заеднички признавања на сертификати. Тоа би можело релативно лесно да се спроведе, без да се менуваат договори, и би претставувало прв чекор кон европскиот заеднички пазар. Би можело да се случат до 80.000 укинувања на формални препреки, смета еврокомесарот.
Хан го констатирал и руското влијание во регионот, посебно кога станува збор за геостратешки развој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...