Мекалистер: Влијание на Балканот сакаат Русија, Турција, Кина...

Берлин, 20 март 2017 (МИА) - Претседателот на Комитетот за надворешно-политички работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер предупреди дека Балканот е чувствително подрачје каде своето влијание истовремено сакаат да го остварат Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија и Катар.
- Балканот е мошне чувствително подрачје, каде во најкус рок може повторно да се активираат судири, изјави Мекалистер за германскиот весник „Ди Велт“.
Мекалистер, кој е член на Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел, додаде дека Европската унија со сите свои сили се обидува да се спротивстави на тие влијанија.
Тој изјави дека Москва во Србија се обидува да влијае врз медиумите, некои политичари, како и врз цивилното општество.
- Русија во Србија поддржува една дестабилизирачка политика. Тоа дава причина за голема загриженост, рече Мекалистер.
Тој нагласи дека истовремено медумите во Србија имаат голем број приврзаници на руската политика, што според него, исто така е голем проблем.
- За ЕУ тоа може само да значи дека нашата приврзаност кон Србија мора да добие поголема поддршка во тамошната политика и цивилното општество и нашето влијание мора да биде видливо, рече Мекалистер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...