Ердоган и турската Влада не се добредојдени во Германија

Берлин, 21 март 2017 (МИА) - Блискиот соработник на германската канцеларка Ангела Меркел и потпретседател на Христијанско демократската унија (ЦДУ), Фолкер Буфиер денеска изјави дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги преминал сите линии со споредбата на владата во Берлин со нацистите и затоа не е веќе добредојден во Германија.
- Доволно е. Господинот Ердоган и неговата влада не се добредојдени во нашата земја и тоа мора да биде јасно сега, изјави за радиото ДФЛ Буфиер, кој е премиер на покраината Есен, каде се наоѓа финнансискиот центар Франкфурт.
Како што јаву дописникот на МИА од Берлин, вчера на споредбите на германската Влада со нацистичкиот режим на Адолф Хитлер реагираа и министерот за надворешни работи Зигмар Габриел и шефот на кабинетот на канцелларката Меркел, Петер Алтмаер, кој најави дека Германија ќе ја брани својата чест во спорот со Турција.
Последниот од низата конфликти што минатава година се случија на релација Берлин-Анкара е во врска со учеството на турските официјални претставници на митинзите на германско тло за референдумот со кој на 16 април турскиот претседател треба да добие поголеми уставни ингеренции.
Неколку германски покраини веќе забранија собири поврзани со референдумот поради безбедносни причини.
Во Германија живеат над 3 милиони Турци или граѓани со турско потекло од кои околу 1,4 милиони имаат право на глас на референдумот во Турција. Според резултатите од последните избори, поголем број од германските Турци со право на глас во Турција гласаат за партијата на Реџеп Тајип Ердоган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...