Вработени во рудник во Бугарија стапија во штрајк со глад

Софија, 22 март 2017 (МИА) - Работниците од рудникот за манган „Оброчиште", што се наоѓа близу градот Добрич во североисточна Бугарија, стапија во штрајк со глад со барање државата да го преиспита концесискиот договор за наоѓалиштето, јави БТА.
Според лидерот на синдикатот на рудникот, Ивајло Тодоров, двонеделниот протест за повисоки плати на 180 рудари, не вродил со плод, па тие се решиле на порадикални чекори.
Раководството го блокираше пристапот до рудникот.
- Штрајкот веќе е за спасување на рудникот. Штрајкувачите не можат да воспостават никаква врска, дури ни телефонска, со раководството на рудникот, рече Тодоров.
Наоѓалиштето за манган близу селото Оброчиште, експертите го сметаат за четврто по големина во светски рамки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...