Германија е разочарана од иницијативата на Тачи

Приштина, 23 март 2017 (МИА) - Амбасадата на Германија во Приштина соопшти денеска дека е разочарана од иницијативата на косовскиот претседател Хашим Тачи за Безбедносните сили на Косово да се трансформираат во војска на Косово, јави телевизијата „Клан Косова“.
- Разочарани сме што овој предлог не е прво разгледан со косовските партнери во НАТО и со другите релевантни учесници. Загрижени сме бидејќи тој предлог ја загрозува соработката на Косово со НАТО и ја попречува нормализацијата на дијалогот, стои во соопштението, пренесува Танјуг.
Германската Амбасада оценува, исто така, дека прашањето за трансформација на Безбедносните сили на Косово и понатаму го пренасочува вниманието на јавноста од неопходните реформи за здравственото осигурување и подобрувањето на општествената благосостојба.
Приштинскиот сајт „Телеграфи“ ја пренесе денеска изјавата на Тачи дека Приштина ќе формира вооружени сили и истовремено ќе го зачува меѓународното партнерство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...