„Побједа“: Демократскиот фронт се откажа од референдум за членството на Црна Гора во НАТО

Подгорица, 24 март 2017 (МИА) - Црногорската опозициска коалиција Демократски фронт (ДФ) офијално се откажа од планот за организирање „народен референдум" за членството на Црна Гора во НАТО, објави подгоричкиот весник „Побједа“.
Членот на Претседателството на коалицијата, која се противи на членството на земјата во НАТО, и лидер на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ изјави дека референдумот би требало да го организираат заедно со останатите опозициски партии - Демократи, Демос и Социјалистичката народна партија.
- ДФ смета дека одлуката за евентуално влегување на Црна Гора во НАТО мора да се донесе на референдум. Моментно, никој не знае дали ќе дојде до ратификација на протоколот во Сенатот на САД, затоа секоја конструкција околу натамошните потези на противниците на членството и на поддржувачите, би била релативна. Сепак, доколку сегашното парламентарно мнозинсво реши таа одлука да ја донесе во Собранието, тогаш ДФ, Демократите, Демос и СНП кои се залагаат за одржување референдум, ќе треба заеднички да организираат алтернативен референдум, како јасен показател дека мнозинството граѓани се против зачленувањето во овој воен сојуз, рече Кнежевиќ.
Некои експерти, како и власта, овој потег го оценуваат како неуставен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...