Дванаесет сириски бегалци загинаа при обид да стигнат до Грција Анкара, 24 март 2017 (МИА) - Дванаесет сириски бегалци, меѓу кои и пет деца, загинаа при обид да стигнат по морски пат до Грција со гумен чамец. Инцидентот се случил во турскиот град Кушадаси. Со чамецот, што потонал патувале вкупно 22 бегалци од Сирија. Седумина се спасени, а се уште не е позната состојбата на останатите три лица. Турските власти задржале три лица, кои се осомничени дека го организирале патувањето.
|